Примарен склерозантен холангитис (ПСХ) е тесно поврзан со воспалителна цревна болест (ВЦБ). Иако поврзаноста помеѓу примарен склерозантен холангитис и воспалителна цревна болест е добро утврдена, прочината за таа врска е непозната. И ПСХ и ВЦБ се сметаат за сложени генетски заболувања, предизвикани од комбинација на генетски и ризик фактори на средината. Истражување што се фокусира на улогата на генетиката кај ПСХ покажа дека некои од генетските ризик локуси што се пронајдени кај ВЦБ исто така се поврзани со ПСХ. Се зголемува фондот на знаење за улогата на генетиката во ПСХ, но сепак сè уште малку се знае за можните фактори на средината што го поттикнуваат.

 

Студиите во врска со ВЦБ покажуваат дека пушењето и претходна апендектомија имаат заштитен ефект против развивање на улцеративен колит (УК). Исто така е покажано дека роднини од прво колено на пациенти со ПСХ имаат зголемен ризик за развивање на ПСХ и УК. Досега, нема поголеми студии коишто го изучуваат ефектот на пушењето и апендектомијата и ризикот од развивање на ПСХ.

 

 

Истражувачите во оваа студија имаа за цел да ги оценат потенцијалните ризик фактори на средината за развивање на ПСХ кај голема група на пациенти со ПСХ. Потенцијалните ризик фактори коишто се испитуваа беа пушење, историја на апендектомија, семејна историја на ВЦБ и автоимуна болест на црн дроб, како и географската распространетост. За да се испитаат овие ризик фактори, пациентите со ПСХ избрани за оваа тековна студија беа споредувани со контролни групи со ВЦБ како и со здрави контролни групи (ЗК). Со користење на овие контролни групи, истражувачите имаа можност да споредат колку често изложеноста на ризик фактор беше присутно во секоја група и според тоа да ја определат врската помеѓу ризик факторот и заболувањето. 

 

 

Испитаниците беа избрани од Epi PSC PBC проектот, којшто е е група за испитување со голема популација на пациенти со ПСХ и примарен билијарен холангитис (ПБХ) во Холандија, што се одвиваше од 1 јануари 2008 до 31 декември 2011.  Испитаниците беа повикани да учествуваат во студијата, да дадат информирана согласност и да пополнат прашалник со 10 сегмента во врска со нивниот статус на пушење, претходна апендектомија и дали имаат роднини од прво колено со ВЦБ и или автоимуна болест на црн дроб.

 

Вкупно, 343 пациенти со ПСХ се согласија да учествуваат и го пополнија прашалникот, 164 од овие пациенти имаа исто така УК и 50 имаа Кронова болест (КБ). Вкупно 370 пациенти со ВЦБ и 232 (ЗК) се согласија да учествуваат и да го пополнат прашалникот.  Демографските податоци покажаа дека групата со пациенти со ПСХ во оваа студија беше претставник на ПСХ популацијата во Холандија.  Тие биле на средна возраст од 48 години и 65 % од пациентите биле мажи, во контролната група со ВЦБ 40 % биле мажи, а средната возраст била 43 години. Во групата  на здрава контрола (ЗК) средната возраст била 55 години, со 46 % на мажи.

 

 

Пациентите со ПСХ беа поделени врз основа на истовремено присуство на ВЦБ, на пациенти со УК, пациенти со КБ и пациенти кај кои нема истовремено присутно ВЦБ. Ниту еден од пациентите од контролната група со ВЦБ немал дијагноза на заболување на црниот дроб, и сите рутински тестови на црниот дроб биле нормални. 

 

 

За да се направи разлика помеѓу ризик факторите за развој на ПСХ од ризик факторите за ВЦБ, пациентите со ПСХ и ВЦБ контролните групи беа спојувани според типот на ВЦБ или УК или КБ Пациентите со ВЦБ – УК беа споредувани со пациентите во контролната гурпа со УК, а пациентите со ПСХ -КБ беа споредувани со пациентите од контролната група со КБ. Пациентите со ПСХ без ВЦБ беа одделно анализирани и споредувани со пациенти со ХК.

 

Потенцијалните ризик фактори за пол, возраст, пушење, апендектомија, (хирушко отстранување на слепо црево) семејна историја на ВЦБ и автоимуно заболување на црниот дроб за развој на ПСХ беа анализирани со споредување на релативната зачестеност ( колку често ризик факторот бил присутен кај ПСХ – ВЦБ групата во однос на контролната гурпа со ВЦБ и ПСХ без ВЦБ група во споредба до ЗК.

 

Истражувачите ги истакнаа следните резултати:

 

 

Пушење:

 

Имаше помалку пушачи во групата со ПСХ во целина отколку во групата со ЗК.  Сличен тренд е забележан и во подгрупата на пациенти со ПСХ без ВЦБ во споредба со ЗК.

 

При споредба на пациенти со ПСХ – УК со контролна група со УК, пациентите со УК беа почесто пушачи во споредба со пациентите од групата со ПСХ – УК. Слични резултати се забележани за групите со ПСХ – КБ и КБ. Пушењето беше значително поврзано со помал ризик за развој на ПСХ кај двете групи на пациенти со УК и КБ.

 

Студијата е најголема студија на контролирани случаи којашто покажува дека пушењето е одделно поврзано со помалиот ризик на развој на ПСХ, и е во согласност со претходните студии.  Истражувачите истакнуваат дека нивната студија е во согласност со неодамнешната студија спроведена од  Eaton et al. кој исто така откриле дека пушењето штити против развој на ПСХ кај пациенти со ПСХ – ВЦБ но не и кај пациенти со ПСХ без ВЦБ.  Резултатите може да сугерираат дека врската меѓу пушењето и ПСХ доаѓа од специфичен генотип и соодветен ПСХ ВЦБ фенотип.

 

 

Како заедничките механизми на пушење влијаат врз развојот (патогенезата) на ПСХ или ВЦБ сè уште не е познато.  Има повеќе од 4000 хемикалии во тутунот, а никотинот е најмногу проучуван. Никотинот ја влошува состојбата на одредени рецептори во централниот нервен систем и насекаде во телото што може да доведе до сензитизација на одредена анти инфламаторна патека, холинергична анти инфламаторна патека.  

 

 

Додека не се испитувани ефектите на пушењето врз развојот на ПСХ, кај пациентите со ПСХ пушењето е поврзано со напредна болест која се манифестира.  Ова може да наведе дека иако пушењето е поврзано со помал ризик за развој на ПСХ, истото може да ја забрза прогресијата на болеста штом се појави фиброза на црн дроб.

 

 

Апендектомија:

 

Апендектомијата ја има подеднакво кај пациенти со ПСХ и ЗК, додека има повеќе пациенти со ПСХ -УК отколку пациенти со УК кои имале апендектомија. Неколку студии го покажаа заштитниот ефект на апендектомијата за развој на УК и резултатите од оваа студија ги поддржуваат овие резултати. Меѓутоа, не е најдена врска меѓу апендектомијата и развој на ПСХ – ова е во согласност со голема мета анализа на четири студии којашто покажа дека нема поврзаност. Поголемата зачестеност на апендектомија кај пациентите од ПСХ -УК групата споредена со групата со УК, укажува дека апендектомијата може да биде ризик фактор за развој на ПСХ кај пациентите со УК.

 

Причината зошто апендектомијата влијае на ризикот од развивање на УК е фокус на истражување многу години.  Голема студија од Anderson et al, сугерира дека најверојатно продолженото воспаление на слепото црево-апендиксот  – (причина зошто е отстрането) го предизвикува заштитниот ефект, отколку немањето на слепо црево после апендектомијата.

 

Семејна историја

Кај десет проценти од пациентите со ПСХ – УК и 17 % од контролната група со УК, има член во семејството од прво колено со ВЦБ, меѓутоа не е пронајдена разлика помеѓу ПСХ – ХБ и контролната група со КБ. Семејната историја на ВЦБ не била независен ризик фактор за ПСХ во ниту една од ПСХ – ВЦБ подгрупите.

 

Автоимуно заболување на црниот дроб било подоминантно кај семејствата со ПСХ – КБ отколку кај контролните групи со КБ, меѓутоа нивниот број бил многу мал.  Семејствата на пациенти со ПСХ – УК имале слична зачестеност на автоимуна болест на црн дроб во споредба со семејствата со УК .

 

Географска распространетост

 

Имало балансирана географска распространетос на пациенти со ПСХ во областа во која живееле, што упатува дека местото на живеење нема влијание на развојот на ПСХ. 

 

 

 

Заклучок

 

Истражувачите заклучија дека кај голема група со ПСХ врз основа на популација, пушењето е поврзано со помал ризик од развивање на ПСХ, независно од заштитниот ефект на пушењето кај УК, додека апендектомијата не е независен фактор на ризки за ПСХ.

 

 

 

The author of this lay version of the article is Dr Valmae Ypinazar (PhD), Senior Research Fellow, Griffith University, Southport, Queensland, Australia.

 

Translator:

June 2016

 

 

 

The original (English) version of the above article has been checked and approved by Dr. E.M.G de Vries and Dr. K. Boonstral.

 

Оваа верзија е заснована на целиот натпис:

 

 

Risk factors for primary sclerosing cholangitis

 

 

 

 

Kirsten Boonstra1*, Elisabeth M. G. de Vries1*, Nan van Geloven 2, Karel J. van Erpecum 3, Marcel Spanier 4, Alexander C. Poen 5, Carin M. van Nieuwkerk 6, Ben J. Witteman 7, Hans A. Tuynman 8, Anton H. Naber 9, Paul J. Kingma 9, Ulrich Beuers 1 and Cyriel Y. Ponsioen 1 on behalf of the Epi PSC PBC Study Group

 

1 Department of Gastroenterology and Hepatology, Academic Medical Center, Amsterdam, the Netherlands; 2 Clinical Research Unit, Academic Medical Center, Amsterdam, the Netherlands; 3 Department of Gastroenterology and Hepatology, University Medical Center Utrecht, Utrecht, the Netherlands; 4 Department of Gastroenterology and Hepatology, Rijnstate Hospital, Arnhem, the Netherlands; 5 Department of Gastroenterology and Hepatology, Isala Clinics, Zwolle, the Netherlands; 6 Department of Gastroenterology and Hepatology, VU Medical Center, Amsterdam, the Netherlands; 7 Department of Gastroenterology and Hepatology, Gelderse Vallei Hospital, Ede, the Netherlands; 8 Department of Gastroenterology and Hepatology, Medical Center Alkmaar, Alkmaar, the Netherlands; 9 Department of Gastroenterology and Hepatology, Tergooiziekenhuizen, Hilversum/Blaricum, the Netherlands

 

*These authors contributed equally to the article.

 

Glossary

Case-control study: A study that compares patients who have a disease or outcome of interest with patients who do not have the disease or outcome, and looks back retrospectively to compare how frequently the exposure to a risk factor is present in each group to determine the relationship between the risk factor and the disease.

 

 (https://himmelfarb.gwu.edu/tutorials/studydesign101/casecontrols.html)

 

Cohort: is a group of subjects who have experienced a particular event or suffer from a particular disease over a specific time span

 

Genotype: gene combination at one specific locus or any specified combination of loci

 

Loci:(pl) Locus: In genetics, the loci are the positions of particular genes on a chromosome that are more common in a disease compared to controls

 

Median: The middle value in a distribution, above and below which lie an equal number of values

 

Pathogenesis: The biological mechanism (or mechanisms) that lead to the diseased state

 

Phenotype:The expression of a specific trait based on genetic and environmental influences

 

Population-based:Traditionally used to describe a study that involved a defined “general population” for example a group of people with PSC.

 

 

This article is copyright-free, when:

 

1    Mentioning An article by PSC Patients Europe (PSCPatientsEurope.org)

2    Sending the link / a hard copy to PSC Patients Europe

 

We will collect all the data regarding the spread of the article and give this feedback to the author as well as other researchers and other stakeholders. It will contribute to our quest to have lay versions broadly available to the public.

 

If you have questions or remarks further to this article, please email to info@pscpatientseurope.org. Did you enjoy reading this article? We would appreciate it if you could ‘like’ the PSC Patients Europe Facebook page as well as the post with the article. And please consider a donation to PSC Patients Europe. We will inform the author on your feedback and ‘likes’.