Интервју со проф. д-р Траунер и нор-урсо тимот во медицинскиот универзитет Виена, Австрија

Долунаведената статија е наменета како неформална верзија. Сепак, некои параграфи од статијата може да бидат поспецифични и тешки за разбирање. Одлучивме да ја објавиме во овој формат, зашто има читатели кои сакаат подетални знаења за механизмите во лековите и правењето на лекот, додека останатите можат слободно да ги скокнат специфичните потпараграфи и да продолжат со читање без да пропуштат неопходни информации. Тимот за нор-урсо беше љубезен и ни обезбеди слики за подобро да го разбереме текстот. За таа цел, авторот исто така додаде потпараграфи, вметна неколку синоними (= синоним) и направи глосар на крајот од статијата.

Нор- урсодеоксихолна киселина (нор-урсо): Многумина од заедницата со ПСХ слушнале за името на можниот нов лек, но за што се работи и како делува?

Прво, пациентите со ПСХ од Европа испитаа што сакаат да дознаат пациентите со ПСХ за нор-урсо. На 3.000 членови со ПСХ преку форумите од светот им се даде можност на Фејсбук да поставуваат прашања за нор-урсо. Имаше 60 гласачи од Обединетото Кралство, Холандија, САД и Австралија, 7 објави и многу допаѓања. Сето ова доведе до десет прашања кои ги има во интервјуто.

Проф. д-р Мајкл Траунер е професор и шеф на одделението за гастроентерологија и хепатологија на медицинскиот универзитет во Виена (Австрија). Го посетив медицинскиот универзитет Виена, секако почестен од можноста да направам интервју со проф. д-р Траунер и колегите од тимот, во едно сончево попладне во септември. Болницата, каде што се прави истражувањето, се наоѓа во близина на подземна железница што е баш прикладно. Во една од овие две кули на 21 кат, се наоѓа срцето на истражувачот на црн дроб во Европа. Просториите се огромни, скоро колку уличен блок во центарот на Виена.

Топлото добредојде, од проф. д-р Траунер (еден од тројцата изумители на нор-урсо) и д-р Емина Халибасик, беше одличен почеток да соберам информации за ветувачкиот развој на лекот нор-урсо, кој моментално се наоаѓа во втората фаза. Иако не можат да се донесат цврсти заклучоци од оваа фаза, навистина беше интересно да се дознае повеќе за историјата на нор-урсо, влијанието  од ставањето посебен статус на лекот, како и за клиничките тестирања.


Лекот: нор-урсо

Повеќето пациенти со ПСХ се запознаени и често ја користат урсодеоксихолната киселина, позната уште како „урсо“. Сепак тешко е да се сфати значењето на „урсо“ во новиот лек. Во статиите, често ја забележуваме референцата „24-нор-урсодеоксихолна киселина. Но, наједноставно кажано, составот на супстанцата нор-урсо е скоро еднаков на урсо.
Нор-урсо како таква, претставува исто и жолчна киселина како урсо. Единствената разлика е што во нор-урсо, 24тиот јаглероден елемент придружен од двата водородни атоми (наречена група метилен) недостасува во хемиското соединение од страничниот синџир на урсодеоксихолната киселина.

Во хемиската номенклатура (=терминологија), нор- се користи како префикс за да ја именува структурата аналогно добиена од основното соединение со отстранување на јаглеродниот атом, кој е придружен од водородните атоми. Затоа жолчната киселина се вика „24-нор-урсодеоксихолна киселина“.
Па така активниот лек кој се користи во клиничките тестирања е синтетички создадена жолчна киселина, која во споредба со широко-распространетата киселина урсо, има мала промена во хемиската структура, па така со ова се пренесува и разликата во нивните терапевтски својства. (види Слика 1).

 

Слика 1: Хемиски разлики помеѓу урсо и нор-урсо

Механизмот за дејство на „нор-урсо“ е комплексен, па истражувачите претпоставуваат дека има дополнителни ефекти од урсо. Ова го заклучиле од истражувањата направени на глувци.

·                Како прво нор-урсо киселината е похидрофилна од другите жолчни киселини, вклучувајќи ја и урсо киселината. Хидрофилните соединенија се разложуваат во вода.
(Во споредба, хидрофобните природно ја одбегнуваат водата, па се создаваат капки. Затоа се познати како хидрофобни). Општо, токсичноста на жолчните киселини, како детергентите, ја зголемуваат нивната хидрофобичност. Благодарение на нејзиниот хидрофилен квалитет, нор-урсо киселината ја зголемува течноста на жолчката и е помалку токсична од другите жолчни киселини.

·                Нор-урсо киселината исто така го зголемува жолчниот проток.
Повеќето пациенти со ПСХ знаат дека урсо киселината го олеснува протокот на жолката, „го прочистува билијарниот систем“. Но, со нор-урсо се зголемува прочистувањето. Втората киселина делумно се реапсорбира од жолчните клетки и одново навлегува во клетките на црниот дроб. Овој циклус на соединението во црниот дроб се нарекува „холеопатско насочување“. Колку помалку има киселина во црниот дроб, толку помалку ќе се оштети и самиот црн дроб.

·                Во продолжение, од нор-урсо киселината се очекува позитивно да влијае на отстранувањето на опасни и токсични супстанци од жолчните киселини (детоксификација).
„Холеопатското насочување“ овозможува таргетирање на воспалените жолчни канали и го стимулира бикарбонатскиот секрет со што се овозможува враќање на бикарбонатскиот чадор, кој ги заштитува епителните клетки во жолчката од токсичните жолчни киселини (види Слика 2).

 

 Слика 2: Механизми за дејство на нор-урсо

 

Допрва ќе се дознае дали ефектите од нор-урсо киселината делуваат врз пациентите со ПСХ во претклиничките експерименти. Кличничките истражувања, кои во моментов се одвиваат, можат да одговорат на некои прашања. Според постоечките податоци, нор-урсо киселината ќе ја намали појавата на жолтица, фиброза и бројни појавувања на напади на жолчните патишта. Истражувачите го испитуваат влијанието на нор-урсо врз пруритус (=јадеж) и општата состојба со употреба на валидни прашалници. Идните истражувања треба да покажат дали со нор-урсо киселината ќе се намали уморот (=замор) заедно со подобрената функција на црниот дроб.

Денес нор-урсо киселината е тестерина врз возрасните пациенти со ПСХ или пациентите со ПСХ во малите канали, односно во почетниот стадиум од болеста. Сепак лекот го немаат пробано пациентите кои имаат напреден стадиум на болеста на црниот дроб (пациенти со цироза на црниот дроб и пациенти со доминантна стеноза на жолчката), како и децата. Затоа во моментов, истражувачите не можат да ја потврдат неговата употреба кај овие пациенти. Кога лекот ќе биде направен, ќе биде достапен за сите во форма на апче и ќе има прописна доза, која треба да се прима еднаш дневно. Кога го прашав нор-урсо тимот дали лекот ќе биде достапен во форма на течност, зашто ќе биде прикладен за многу пациенти со ПСХ кои имаат потешкотии со голтање, ми кажаа дека е многу рано во развојот за да знаат за вакви правци.

Соединението добро го толерираат. Сепак, клиничкото тестирање треба да заврши за да дознаат повеќе информации за безбедноста и толерантноста на лекот. Прерано е да се одлучат другите придобивки за сличните болести но истражувачите внимателно кажаа дека ако дејството на лекот е успешно, тогаш ќе има придобивки и за пациентите со холестатски оштетувања како: примарна билијарна цироза, цистична фиброза и за пациенти кои страдаат од автоимун хепатит.

Клиничкото тестирање

Клиничките тестирања се поделени во 4 фази:

 

 

 

 

 

 

Во моментов, нор-урсо тестирањето е во втора фаза и е спроведено во 45 центри во 12 европски држави.  Само пациенти без доминантна стеноза имаат право на учество во тестирањето зашто нор-урсо ќе влијае врз зголемување на протокот на жолчката, како и преоптоварување на системот на жолчниот канал во спротивна насока од билијарната стеноза. Сепак, новите експериментални резултати, кои се направени врз глувци со механичка опструкција на жолчниот канал, го побива ова размислување и предлагаат дека нор-урсо лекот е безбеден и при присуство на доминантна стеноза. Строгите критериуми за избор вклучуваат: 1) потврдена дијагноза за ПСХ 2) вредноста АФ да биде за 1,5 на горна граница од нормалното 3) нивото на билирубин да не биде повисоко од mg/dl . Секој четврти пациент при клиничкото тестирање ќе добие плацебо.

Проф. д-р Траунер и неговиот тим заедно со европските центри сѐ уште бараат пациенти за втората фаза од клиничкото тестирање кое ќе заврши на пролет, 2015 година. Засега тестирањето добро функционира а конечните резултати може да ги очекуваме во првата половина од 2015 година.

Важно е да се нагласи дека пациентите се внимателно одбрани во клиничкото тестирање, па резултатите ќе бидат еднострани и нема да бидат исти за сите пациенти со ПСХ. Сепак, резултатите ќе покажат дали вреди да се продолжи со истражување, односно да се премине во третата фаза.

Во зависност од резултатите ќе се одлучи дали ќе има следна фаза од клиничкото тестирање. Се прават забрзани подготовки за можна трета фаза од тестирањето. Една опција која треба да се размисли е каков ќе биде прифатливиот резултат. Можно е стадиумот за фиброза да се открие со фибро скен, кој ќе биде значаен краен параметар за третата фаза. Исто така, за време на третата фаза, истражувачите би сакале да ја дознаат употребата на нор-урсо во комбинација со други лекови и нивните дејства. Се очекува дека во третата фаза да има учесници од САД и Канада, која се очекува да започне на крајот од 2015 година.

Ставање посебен статус на лекот

Европската комисија во јули, 2014 година, му даде на нор-урсо лекот „посебен статус“, што беа позитивни вести за заедницата со ПСХ. Покрај другото, фармацевтската компанија Фалк Фарма која го поседува и го создаде нор-урсо лекот, ќе го има патентот за лекот за 11 години наместо вообичаените 10 години. Помалку пациенти ги користат лековите со посебен статус. Затоа подолго време треба да помине за фармацевтската компанија да врати добар дел од нејзината инвестиција. Попривлечно е за фармацевтската компанија да пронаоѓа лекови со посебен статус, со продолжување на патентот за една година повеќе. Ова е едноставно економски принцип.
Постојат придобивки од посебниот статус на лекот, како за компаниите, така и за пациентите. Се очекува административното прифаќање и другите формалности да бидат полесни па така ќе се зачува драгоцено време во процесот на клиничкото тестирање. Исто така, за да се направат одредени правни и научни точки, прагот е понизок. На овај начин ќе се забрзаат комплицираните и задолжителните процеси вклучени во развојот на лекот и дали лекот ќе биде порано достапен за пациентите. Сепак, и да помине добро, потребни се најмалку три до пет години за лекот да биде достапен. Иако властите треба да се убедат, се очекува националното државно осигурување да го покрие лекот, благодарение на статусот на посебен лек. Ова сепак ќе зависи од државните одлуки и ќе различно за многу земји.

Ги прашав истражувачите дали испуштиле нешто во интервјуто и дали имаат нешто да дополнат. Проф. д-р Траунер кажа дека е заинтересиран дали лекот ќе има влијание врз воспалителната болест на цревата, зашто од лекот се очекува да влијае врз имунолошките системи на телото. Ова може да биде дел од истражувањето во можната трета фаза од клиничкото тестирање.

Можните заштитни лекови од рак ќе се истражуваат во иднина, зашто пациентите со ПСХ имаат поголем ризик да добијат рак на билијарниот тракт и на системот за варење.

Д-р Халибасик сака да нагласи дека некои пациенти се во заблуда за нивната дијагноза со ПСХ, затоа ги охрабрува сите пациенти да се грижат за себе, поактивно да ги бараат потребните процедури од протоколот за ПСХ, како редовна магнетна резонанца холангиопанкреатографија (МРХ), двапати годишно да прават декса скен и останатите контроли кои ги препорачуваат давателите на здравствени услуги.

Имав можност за дискусија на „листата со желби на пациенти со ПСХ“. Тимот на нор-урсо беше заинтересиран да ја слушне. Еве ги нивните желби:

  • ·         Следен научен труд со неформална верзија
  • ·         Ве молиме мислете и на нашите деца со ПСХ
  • ·         Меѓународен регистар на пациенти: да направиме да се случи!
  • ·         Позитивен резултат од МКСЦБ за ПСХ (иако во Европа, благодарениа на исклучоците, системот МКСЦБ е малку подобар за пациентите со ПСХ во Европа. На пример, резултатот од МКСБЦ за време на последните напади на холангит се зема предвид).

Заклучок

Тимот на нор-урсо води одлично истражување, кое ветува и се подготвени да ја информираат заедницата со ПСХ за напредокот. Во моментов, сѐ уште е рано да се донесат цврсти заклучоци и сите нестрпливо ги очекуваат крајните резултати од втората фаза, кои се очекува да бидат готови најдоцна до летото од 2015 година. Најверојатно ќе има и трета фаза од клиничкото тестирање во Европа и Северна Америка. Добивањето посебен статус на лекот е корисен за фармацевтските компании, за истражувачите и пациентите.

Особена благодарност до проф. д-р Траунер и д-р Халибасик.

Интересни податоци

Природната жолчна киселина на човекот е составена од најразлични жолчни киселини, 2 % од нив се со урсодеоксихолната киселина. Жолчните киселини на човекот во најголем дел се состојат од хенодеоксихолната киселина и холична киселина. Состојката со урсодеоксихолната киселинам, покрај другите работи, е задолжена за протокот на жолчниот проток. Кај сите видови на мечки, нивната жолчна киселина се состои од урсодеоксихолната киселина, која содржи 40 % од жолчната киселина кај мечките. Затоа истражувачите одлучија да направат синтетичка верзија од жолчката на мечката. (‘ursus’ на латински = мечка)

Глосар
Листа со терминологијата, придружена со дефиниции, која е употребена во статијата.

АХ                                         Автоимун хепатит

АФ / АФ вредност          Алкална фосфатаза; ензим во (човечкото) тело/се мери една од функциите на црниот дроб

Билирубин (~ ниво)     Жолт пигмент кој го има во жолчката и крвта и предизвикува жолтица, ако претерано се излачува. Со испитување на крвта се покажува нивото на билирубин.

ЦФ                                        Цистична фиброза

Холостатски                     Холестаза = целосно или делумно сузбивање на протокот на жолчката

Соединение                    Да се создаде (нешто) со поврзување на одделни атоми

Детоксификација          Да се отстране отровот или токсинот или ефектите од таквата форма

Декса скен                        Dual Energy X-ray Absorptiometry.
Со ова се мери густината на коските за да се одреди дали има „губиток на густина на коската“ (остеопороза)

Епителни клетки           Епителните клетки во жолчните канали се клетки кои ги формираат жолчните канали и последователно тие се најголемите препреки помеѓу ткивото и жолчката.

Фиброскен                        Техника/машина која се користи да се одреди густината на црниот дроб без инвазивно испитување

Фиброза                             Формирање на вишок фиброзно сврзно ткиво во органот или ткивото

Генетско испитување  Студија за ДНК на човекот за да се откријат кои гени и фактори на околината придонесуваат за појава на болести

Хидрофилност                                Склоност за лесно да се раствора во вода

Хидрофобичност           Склоност да не се раствора во вода

ВБЦ                                      Воспалителна болест на цревата

Имунолошки систем   Систем на биолошки структури и процеси во организмот, кој ги штити од болести

ТФЦБ                                    Тест за функционирање на црниот дроб, чести тестови за да се види како функционира црниот дроб (пр. „испитување на крв“)

Механизам за дејство Специфична биохемиска интеракција преку која супстанцијата на лекот произведува фармаколошки ефект.

Група метилен                Двовалентна хидројаглеродна група CH2 добиена од метан

Номенклатура                Терминологија

Посебен статус               Квалификација која ја користи Европската медицинска агенција (ЕМА): проверете го линкот за детали

Параметар, резултат ~               Правило кое контролира како треба и кога да се заврши работата

Патент                                Поседување ексклузивни права на одредено време

ПБЦ                                      Примарна билијарна цироза, болест на црниот дроб

Плацебо                             Симулиран или на друг начин медицински неефикасни третман за медицинската состојба

Пруритус                           Јадеж

Стеноза                              Стеснување или стегање на дијаметарот на телесниот премин

УК                                        Урсодеоксихолната киселина


Оригиналната (англиска) верзија од погорната статија е проверена и одобрена од
проф. д-р Траунер и д-р Е. Халибасик

 

Автор:  Марлин К
Уредник: Валме Ј
Преведувач:

Статијава нема авторски права, кога:

1)      е спомната: како статија од пациентите со ПСХ во Европа (PSCPatientsEurope.org)

2)      се испраќа линкот/ испечатената статија до пациентите со ПСХ во Европа

Ќе ги собереме сите податоци поврзани со ширењето на статијата и ќе им даде повратна информација на тимот за нор-урсо, како и на останатите истражувачи и засегнатите страни. Тоа ќе придонесе во нашата потрага да се објават неформални верзии широко достапни за јавноста.

Ако имате прашања или замерки за оваа статија, испратете порака по електронска пошта на info@pscpatientseurope.org .

Ви се допадна статијата? Ќе Ви бидеме благодарни доколку стиснете „ми се допаѓа“ на страницата Европски пациенти со ПСХ на Фејсбук, како и објавата со статијата. На тимот за нор-урсо ќе им го пренесеме Вашата повратна информација, како и допаѓањето на страницата.

Доколку сакате да прочитате повеќе за:

Вклучени групи на Фејсбук:

PSC en AIH (overlap) Nederlandstalig(холандски јазик),

PSC-Support (FB Primary Sclerosing Cholangitis & Transplant Support) (англиски јазик) 

PrimærSkleroserendeCholangitt (PSC) / PrimærBilliaerCirrhose (PBC) (норвешки јазик).

Особена благодарност до оние кои гласаа на разните форуми на Фејсбук и кои ги поставија нивните прашања.